World Music

Песната “Blinding Lights” прогласена за песна број 1 на сите времиња

Хитот на The Weeknd – “Blinding Lights”, го собори евергринот на Чаби Чекер од 60-те, The Twist, како песна број 1 на сите времиња на топ-листата со синглови на „Билборд“.

„Билборд“ во вторникот (24-ти ноември) објави дека синглот на канадскиот уметник поминал 90 недели на нивната табела „Хот 100“. Исто така, песната била во првите топ-5 хита цели 43 недели и во првите топ-10 хита 57 недели.

„Билборд“ соопшти дека долгото задржување на топ-листите ѝ ја донесе на Blinding Lights титулата број 1 песна на „Билборд Хот 100 најдобри песни на сите времиња“.

Можеби ќе ве интересира: