World Music

По 25 години новогодишната “All i want for Christmas is You” на првото место на американската топ листа (Видео)

Празничната класика на Мараја Кери, “All i want for Christmas is You”, конечно стигна до првото место на американската топ-листа, 25 години по објавувањето. Кога излезе во 1994 година таа беше дел од миниалбум, не сингл, што значеше дека не смее да се натпреварува за листата најслушани 100 песни на Билборд. Потоа се сменија правилата и песната првпат во 2000 влезе на листата, а во изминатите години се повеќе се доближуваше до врвот.

“Успеавме”, напиша Кери на Твитер. “All i want for Christmas is You” е сеприсутна песна во овој период од годината и во САД и во Европа.

Можеби ќе ве интересира: