World Music

По десетгодишна пауза Џастин Тимберлејк издава нова песна

По десетгодишната пауза Џастин се враќа на музичката сцена. Тој изминатиот период беше посветен на снимање филмови и на актерската кариера, но по се изгледа дека сето тоа му здосадило и дека конечно се враќа на музиката. Тој новата песна ја пее со раперот Џеј Зи, а песната ќе се најде на новиот албум кој што треба да излезе до крајот на годинава. Тој неодамна на својот твитер профил напиша порака до обожавателите која што гласеше: “Мислам дека сум подготвен”, а по самата порака следуваше линк на кој се гледа како тој влегува во музичко студио. Џастин Тимберлејк досега има освоено шест греми награди и е поранешен член на групата Ен Синк, а по објавувањето на последниот албум во 2006-та, направи пауза на музичката сцена.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: