World Music

По несреќата, Bono пополека се враќа во нормала

Фронтменот на групата “U2”, се уште заздравува од незгодата која му се случи додека возеше велоспиед во њујоршкиот Централ парк. Поради повредите мораше да му биде извршена реконструктивна операција на лицето, а се здоби и со три фрактури на левото рамо и рака. Како што вели тој, несреќата го променила неговиот став кон сопствената сила.

“Мислев дека мојата глава е посилна од било која подлога, но повеќе не мислам така. Не паднав од Харли. Паднав од велосипед и се искршив целиот. Нема никаков вознес тука”, вели за несреќата фронтменот на групата. Во февруари тој откри дека поради повредата можеби никогаш повеќе нема да свири на гитара. Bono вели дека тешко се справува со фактот дека движењето на неговата рака можеби никогаш нема да биде исто.

Bono_velosiped“Раката ја чувствувам како туѓа. Но, велат дека нервите заздравуваат околу милимеар неделно, така што за околу 13 месеци би требало да знам дали е се во ред”, оптимистички додава Bono. Инаку, “U2” се подготвуваат за својата нова турнеја која треба да започне на 14-ти мај во Ванкувер.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: