World Music

По само две години брак, пејачката Ариана Гранде се разведува

Тие беа во брак само две години, а гласините за развод започнаа во јули оваа година. Пејачката ги отстрани сите свадбени фотографии од Инстаграм, а набрзо почна да се гледа со актерот Итан Слејтер, пренесува TMZ.

Сето ова не би било толку интересно доколку Итан не беше во брак, а набрзо се појавија гласини дека тој и пејачката започнале врска додека двајцата се уште биле во брак. Така, наводно, Ариана решила да се разведе од сопругот кога се заљубила во Итан, а набрзо и тој поднел барање за развод.

„Моето семејство е само колатерална штета“, изјавила за ова сопругата на Итан Лили за „Пејџ шест“, пренесе „Сан“.

Сепак, тие не ги коментираа овие наводи, а како што пренесува TMZ, пејачката наводно поднела барање за развод во понеделникот преку нејзината адвокатка Лаура Васер. Како причина беа наведени непомирливите разлики. Набргу потоа, адвокатот на Далтон наводно поднел тужба исто така.

Можеби ќе ве интересира: