World Music

По шест месеци кома, почина ќерката на Витни Хјустон

Боби Кристина, ќерката на Витни Хјустон, почина во болница шест месеци откако беше пронајдена без свест во својот дом во Џорџија. Боби Кристина која имаше 22 години, беше пејачка, но не со толку голем успех колку нејзината мајка. Таа беше пронајдена без свест во бањата на 31-ви јануари и ставена во вештачки предизвикана кома од која никогаш не се разбуди.

Таа беше единствена ќерка на Витни Хјустон и пејачот Боби Браун. Нејзината мајка почина три години порано откако беше пронајдена мртва во бањата во својот дом на Беверли Хилс.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: