World Music

Поранешниот пејач на Backstreet Boys уапсен во Флорида

Ник Картер некогашната ѕвезда на некогаш мега популарната група Backstreet Boys бил уапсен пред еден бар на Флорида, а сведоците тврдат дека полицијата го одвела со лисици. Иако полицијата се уште не објавила официјално соопштение, се дознава дека во барот избила тепачка, а по доаѓањето на органите на редот, Картер бил приведен во полициска станица. Таблоидите пренесуваат дека во документација при приведувањето, Картер во рубриката “работно место”, напишал “ништо”. Во ноември минатата година, бившиот заводник од бој-бендот објавил дека со сопругата Лорен Кит очекуваат прво дете, синче.

“Мојата сопруга и јас сме пресреќни што можеме да објавиме дека очекуваме бебе. Нашиот сон отсекогаш бил да изградиме сопствено семејство и не можеме да го дочекаме нашето прво дете”, рекол тогаш Ник.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: