World Music

Поранешните љубовници и подготвуваат “изненадување” на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез повторно е на мета на озборувањата поврзани со поранешните сопрузи или дечковци. Американските медиуми викендов пишуваа дека првите два сопрузи на пејачката, Охани Ноа и Крис Џад, заедно со нејзиниот “најсвеж” бивш, Крис Смарт, се здружиле во заеднички проект против неа. Наводно, тие тројца заедно ќе напишат книга во која ќе раскажат се за своите односи со една од најголемите ѕвезди во светот, пишуваат таблоидите.

“Life&Style” пишува дека на тројцата бивши им се понудени 50 милиони долари за договор за книга, но ПР службата на Лопез целата приказна ја нарекува “еден куп глупости”. Џеј Ло прв пат се омажи за келнерот Охани Ноа, со кој беше во брак година дена. После две години врска со раперот Пи Диди, таа премина во врска со танчерот од видео спотот за песната “Love don’t cost a thing”, Крис Џад, за кој се омажи во 2001 година и се разведе наредната. После романсата со Бен Афлек, се омажи за пејачот и актерот Марк Ентони во 2004 година, со кој ги доби близнаците Макс и Ема во 2008 година. Официјално се разведоа дури оваа година, откако Џеј Ло на големо ја објави врската со Каспер.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: