Славната пејачката заедно со сопругот Џеј Зи го прослави четвртиот роденден на Блу Ајви, но никој не ги гледаше тортата и балоните, туку стомакот на пејачката беше во преден план. Бијонсе е позната по тоа што има извајано тело, па сите беа изненадени кога под сивиот блузон се наѕираше поголем стомак. Шпекулациите речиси моментално почнаа да кружат, прво на социјалните мрежи, а тогаш и во американските таблоиди.
Секако сосема е можно дека пејачката едноставно “нафрлила” некој килограм повеќе за време на празниците, но шпекулациите само се подгреале кога подоцна истиот ден е видена како со сопругот излегува од еден ресторан во дискутабилна модна комбинација.
Бијонсе која инаку секогаш носи тесна гардероба за да ја истакне фигурата, решила да облече широка јакна, па уште и врзала маица околу половината, па така се изгледало уште посомнително.
Подготви: Дениза Илиевска