World Music

Познатата пејачка Алиша Кис креативна директорка на Blackberry

Двата нови телефони кои вчера беа премиерно претставени се Blackberry Z10, чувствителен на допир и Blackberry Q10 со традиционална тастатура. Американските медиуми пренесуваат дека познатата пеачка Алиша Кис изјавила дека ќе биде вклучена во сите активности на компанијата.

“Јас сум премногу посветена и фокусирана личност. Ќе соработувам со дизајнерите на апликации, креаторите и со малопродажбата како би ја истражувале Blackberry 10 платформата и би создале идеи за понатамошна иднина”, изјавила Кис. Таа меѓудругото рекла дека ќе работи и со други жени и забавувачи за тоа како и на кој начин би ја изградила новата платформа сакајќи да ја пополни празнината помеѓу телофонот за работа и телефонот за игри.

Поставувајќи познати личности на видни позиции во дел од светските компании и не е за некое чудење, бидејќи неодамна Лејди Гага беше поставена за еден од директорите на познатата компанија Polaroid.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: