Голем број музички ѕвезди, од Бијонсе, па се до Тони Бенет и Фарел Вилијамс, пееја во чест на 64-годишниот кантавтор и музичар Стиви Вондер, кого го нарекоа “гениј на нивната кариера”. Ѕвездите го искористија доаѓањето на Вондер во Лос Анџелес и во негова чест одржаа концерт, што го отвори Бијонсе со неговиот хит “Фингертипс”, што некогашното “чудо од дете” ја извел кога имал само 12 години. Вондер може да се пофали со 25 награди Греми, повеќе од кој било друг уметник. Тој во период од четири години има освоено дури три Греми награди за Албум на годината во 1973-та, 1974-та и 1976-та година, а последнта за неговиот славен “Songs in the key of life”.
“Гледам многу луѓе тука”, се пошегува Вондер, кој го загубил видот набрзо по раѓањето. Вондер беше поздравен не само за неговиот придонес во ар-ен-би, сол, поп и џез музиката во текот на повеќе од половина век кариера, туку исто така и за неговата работа за заштита на граѓанските права. Бенет го нарече Вондер “еден од најголемите музичари на џезот” и ја изведе песната “For once in my life“. Лејди Гага пак рече дека “луѓето се расфрлаат со зборот генијален, но во случајот со Стиви Вондер тој збор има смисла”. Ќерката на Вондер, Ајша му се придружи на пејачот Ни-Јоџ во изведба на песната “Isn’t she lovely”, која нејзиниот татко ја напиша кога се родила.
Фарел ја испеа “Don’t worry ’bout a thing” заедно со Роан Тед, фронтмен на групата “Оне Рипаблик”, а италијанскиот тенор Андреа Бочели ја изведе “I just called to say o love you”. Ени Ленокс, Џон Леџенд, Џенели Моне, Аријана Гранде и Џенифер Хадсон, исто така, беа меѓу изведувачите во двочасовниот спектакл.
Подготви: Редакција Музика24