World Music

Прекинато снимањето на биографскиот филм за Мадона?!

Снимањето на биографски филм за кралицата на попот е прекинато, пишува Variety. Шпекулациите за судбината на филмот почнаа минатата недела веднаш штом Мадона ја најави својата светска турнеја, каде концертите во Њујорк, Лондон и Париз беа распродадени за неколку минути.

Сега Мадона е максимално фокусирана на својата турнеја, а снимањето на филмот мора да биде на пауза, велат извори за Variety.

Иако беше најавен за 2020 година, развојот на филмскиот проект започна дури во 2022 година. Мадона работеше на два нацрти на сценарија, кои покриваат големи делови од нејзиниот креативен и личен живот. Оригиналната верзија на сценариото е напишана со оскаровецот Диабло Коди. Мадона требаше да ја глуми Џулија Гарнер, ѕвездата на серијата на Нетфликс „Измислување Ана“.

Можеби ќе ве интересира: