Американската полицијата покренала истрага околу ова сомнение за смртта на познатиот американски музичар. Како што јавуваат американските медиуми, на имотот на Принс во Пејсли паркот се пронајдени сомнителни рецепти за лекови.
Детективите сега испитуваат дали Принс добил повеќе рецепти отколку што му биле потребни, односно тоа било сличен случај како на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, по чија смрт е утврдено дека лекарот му препишал лек кој довел до негова смрт. Во моментот истрагата не се води под сомнеж за класично убиство, туку се проверува дали постојат основи за таков случај. Полицијата има намера да ги прочешла последните две години од животот на Принс.
“Мораме да утврдиме што правел Принс во последните денови од животот и тоа од минута во минута. Исто така ќе се фокусираме и на последните две години од неговиот живот”, изјавил извор од полицијата.
Подготви: Редакција на Музика24