World Music

Рамонс со златен тираж по четири децении

Легендарниот прв албум на американската група Ramones го прејде прагот од 500.000 продадени примероци во САД. Според лондонски “Гардијан”, речиси четири децении по неговото прво објавување, еден од најважните албуми во рок музиката постигна златен тираж. Деби албумот на панкерите од Њујорк “Ramones”, со 14 песни кои го одбележаа почетокот на панк-рок ерата, првпат објавен на 23 април во 1976 година, на 30 април оваа година го доби статусот златен албум.

Појавата на овој албум пред 38 години предизвика општо воодушевување од критичарите. Американскиот музички магазин “Krim”, кој секогаш го поддржувал гласниот гитарски рок, напиша дека Ramones се освежување на музичката сцена, на која доминираат нарцисоидни и седокоси рокери. Ramones, сепак, таа година го достигна 111-то место на Билборд со продадени 6 000 копии.

Со текот на времето, популарноста на групата и нивниот прв албум продолжи постојано расте, а денес нивниот деби албум се смета за еден од највлијателните рок албуми на сите времиња. Ramones, се состои од Џои, Џони, Dee Dee и Томи Рамон, и е вклучена во Rock and Roll Hall of Fame во 2004-тата година.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: