World Music

Ријана го подарува новиот албум “Anti”

Откако новиот албум на Ријана, случајно или не, се најде на интернет пред неговото официјално претставување и објавување, светски познатата пејачка Ријана заедно со својот тим реши овој албум буквално да и го подари на публиката. Таа на својот twitter профил објави дека нејзиниот нов албум насловен “Anti” ќе биде целосно бесплатен за данлодирање, впишувајќи го линкот и шифрата за негово превземање.

Новиот албум моментално може да се превземе од интернет порталот Tidal, а делукс верзијата со бонус три песни ќе биде достапна веќе во текот на денешниот ден. Првиот сингл од новиот албум “Work”, веќе се наоѓа на првото место на iTunes топ листата веќе во 70 земји.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: