На фотографиите Ријана и Кејт Мост се разголени и разменуваат прегратки и бакнежи, а се дело на големиот мајстор, кога е фотографијата во прашање, Марио Тестино. Според Ријана до оваа соработка дошло сосема случајно и тоа е остварување на нејзините најубави фантазии.
“Минатата година бевме на журка кај Стела Макартни и со Тестино се договаравме за сликање, кога наеднаш се уфрли Кејт, која веднаш рече: Сакам тоа да го направам со тебе. Јас не можев да верувам во тоа, па тоа беше остварување на моите фантазии” – вели провокативната Ријана, воопшто не криејќи колку таа се забавувала на снимањето.
Во продолжение погледнето го краткото видео кое тие го подготвие од оваа фотосесија.
Подготви: Александра Блажевска