World Music

Ријана со провокативна фотосесија за “Complex” (Фото)

Светското списание “Complex” за своите потреби направи неколку корици за најновото издание и на сите нив е познатата Ријана. Седумте насловни страници се направени во чест на седмиот албум на Ријана “Unapologetic”. На фотосесијата 24 годишната Ријана позирала во минимална гардероба и со провокативни пози, истакнувајќи го пред се својот сексапил. Ријана во интервју за “Complex” објаснила зошто редовно објавува фотографии на Instagram кои самата ги фотографира.

“Нарцисоидно е, но сеедно – сите го прават. Јас уловувам карактер… Секој има нешто што го сака и нешто што не сака да го гледа. Сè е во главата. Луѓето сами се фотографираат, затоа што е тешко некој друг да го улови тоа што ти го бараш”, изјавила таа.

Во продолжение погледнете ги сите корици за најновото издание на списанието:

Rihanna 1 Rihanna 2 Rihanna 3 Rihanna 4 Rihanna 5 Rihanna 6

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: