World Music

Ријана спасена од давење

Ријана имала планиран концерт во Тел Авив, но пред настапите одлучила да се релаксира во водите на Мртвото Море. За малку концерт и немало да има ако не биле спасувачите на плажата. Без да знае дека во Мртвото Море е забрането нуркањето, Рири се обидела да скокне со главата надолу во вода. Спасувачите сепак навреме ја предупредиле дека тоа не е дозволено.

Според концентрација на сол, Мртвото Море е апсолутен рекордер – 33%. Да се плива под вода во ова море е прилично опасно. Треба внимателно да се следи солената вода да не се впушта во носот, очите и устата. За среќа Ријана е неповредена, но за малку концертот ќе бил одложен.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: