Пејачката Ријана синоќа била нападната во ноќен клуб во Лондон. По претставувањето на својата прва модна линија, пејачката отишла со манекените во клубот “The Box” за да го прослави своето дизајнерско деби, но во клубот се случил инцидент. Британските медиуми пренесуваат дека лицето, чиј идентитет не е објавен, најпрвен и дофрлало на Ријана за врската со Крис Браун, а потоа фрлило и стаклено шише кон неа.Ријана бил погодена во ногата и веднаш го напуштила клубот за да побара медицинска помош, а британските папараци успеале да го фотографираат нејзиното раскрвавено колено. Доколку пејачката одлучи да ја побара правдата на суд, полицијата ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери на клубот за да го откријат сторителот.
Подготви: Марија Поповска