Британскиот пејач Роби Вилијамс ќе запее на свадбата на неговиот татко, Пит Конвеј, со неговата избраничка Мелани Милс. Конвеј пеел на свадбата на неговиот син со Ајда во Лос Анџелес во 2000-тата година. Затоа ова е, на некој начин, услуга за услуга. Сепак, Роби на свадбата на татко му ќе има уште една важна улога – тој е кум на неговиот сопствен татко.
“Роби е воодушевен. Именуван е за кум, а ќе има шанса и да запее на свадбата. Се зборува дека ќе го заигра и првиот танц. Можеби ќе подготви нешто и во текот на церемонијата”, рекол изворот за магазинот “The Sun”.
Подготви: Катерина Митровска