World Music

Роби Вилијамс со концерт во Белград

Светската ѕвезда во Белград ќе го претстави својот најнов албум кој носи наслов “Under the radar Volume 1”, каде воедно ќе имаат можност да уживаат и во големите легендарни хитови како “Feel”, “Angels”, и “No Regrets”.

“Подгответе се за голем спектакл”, беше изјавата на Роби Вилијамс, но со оглед на тоа што настанот сеуште и официјално не е запишан во неговата агенда, сепак како што пренесуваат српските медиуми тој го потврди својот настап. Да потсетиме тој после големите проблеми со дрогата тој во 1995-та година заедно со својот бенд “Take That” ја започна својата успешна светска турнеја со големите светски хитови каде има снимено повеќе од 11 студиски албуми.

Роби Вилијамс својата европска турнеја ја започнува на 25-ти март во Мадрид, а воедно на лето освен што ќе го посети Белград ќе настапи и на неколку познати светски фестивали. Но она по што го памети публиката се неговите феноменални настапи со голема сцена проследени со неколку танчерски изведби.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: