Британскиот рок и поп пејач и текстописец, Род Стјуарт, платил за магнетна резонанца за пациентите во неговата локална болница во обид да ги намали огромните листи на чекање.
Имено, минатиот месец музичарот се јавил во живо и се понудил да им плати на луѓето за прегледи во болницата, бидејќи само што се вратил од скенирање. Донацијата на 77-годишникот покрива еден ден скенирање на пациенти, кои беа извршени во мобилната единица за скенирање на приватна здравствена компанија.
Пејачот рече дека не сака овој гест да биде еднократен:
Ако ова е голем успех, што мислам дека ќе биде, би сакал да го направам во Белфаст, Даблин, Единбург, Глазгов, Манчестер и така натаму и се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе. – вели Стјуарт. .
Тој рече и дека чувствува дека е во „привилегирана положба“ и дека едноставно сака да ги подели своите пари за добри цели.
Ги заработив моите пари и сакам да им помагам на луѓето, толку е едноставно. – рече Род.
Министерството за здравство не сакаше да коментира конкретно за постапките на музичарот, но во блог пост во декември тие ги објавија своите планови за намалување на листите на чекање за неитна нега, вклучително и планирани операции. Се вели дека целта е да се елиминираат чекањата од повеќе од една година за изборна нега до март 2025 година.