World Music

Момците од “Мотли Кру” се подсмеваат со Џастин Бибер

Момците од рок бендот “Мотли Кру” Ники Сикс и Винс Нил во изјава за еден светски медиум се подсмеваа со најпознатиот тинејџер кој го сакаат речиси сите девојчиња, а станува збор за Џастин Бибер. Тие велат дека се досега направено од Бибер е буквално намерно само и само да се пишува и зборува за него.

“Тоа со јајцата беше глупост. Ова со дрогата – тривијално. За да ме импресионира навистина, ова момченце треба да си го напне мозокот”, вели Сикс во интервјуто. Неговиот колега Нил пак додава: “Треба да претепа некого со синџир, по можност да е полицаец”.

Инаку младиот Бибер нон стоп има проблеми. Тој беше уапсен за возење во пијана состојба, за поседување дрога, нападна папарацо, а потоа беше осуден на условна казна за тоа што ја гаѓаше куќата на соседот со јајца.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: