World Music

Пол Макартни: Се откажав од марихуаната

Пол Макартни изјави дека се откажал од користење марихуана и сега преферира вино и “убава маргарита”, поради родителски обврски. Тој додава дека не сака да биде лош пример за своите деца.

“Пред многу време последен пат пушев марихуана”, изјави членот на Битлси кој долги години беше зависник од таа дрога. Беше и 10 дена во затвор откако се обиде во 1980 година да внесе во Јапонија големо количество дрога. Макартни со Лонда Истмен Макартни има еден син и три ќерки, а посвои и една нејзина ќерка од претходниот брак.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: