World Music

Се продава “Неверленд” – замокот на Мајкл Џексон

Тематскиот парк и домот од бајките на починатиот крал на попот беше место на бројни атракции кои сите биле проект на фантазијата на пејачот. Велелепното здание сега се продава. Славното, но и контроверзниот имот “Неверленд” на починатиот крал на попот, Мајкл Џексон, е ставено на продажба и тоа првпат по смртта на пејачот.

Зданието се протега на 1100 хектари, а се наоѓа вон Санта Барбара во Калифорнија. Компанијата која што своевремено го откупила долгот на Џексон, а потоа го обновила имотот, сега сепак се решила на продажба. Цената е одредена на 100 милиони долари, а целиот комплекс повеќе не го носи името “Неверленд”, туку сега е “Sycamore Valley Ranch”, како што имотот се викал пред да дојде во раце на Мајкл Џексон. Комплексот помеѓу останатото има и базен, кошаркарско игралиште и тениски терен.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: