World Music

Се снима документарен филм за некогашната тинејџ музичка атракција “Backstreet Boys”

Режисерот Сивен Кијак подготвува долгометражен документарец за една од најпопуларните машки групи “Backstreet Boys”. Филмот зборува за животот на членовите на групата, од нивните детски денови до нивното здружување во групата. Документарецот треба да биде подготвен до крајот на оваа година.

“Backstreet Boys” продаде 130 милиони примероци од албумите во врвот на својата кариера што ги вброи во топ 30 светски музички групи. Групата има и понатаму голема популарност во Јапонија, Латинска Америка, Германија, Англија и САД.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: