World Music

Сестрата на Селин Дион открива: Не е добро, не можеме да најдеме лек

Зборувајќи за Le Journal de Montreal, Клодет рече дека за Селин се грижи нивната сестра Линда и дека тесно соработува со истражувачи кои се специјализирани за ретки болести.

„Не можеме да најдеме лек кој делува, но надежта е важна. Искрено, мислам дека најмногу ѝ треба пауза. Секогаш оди над и подалеку кога настапува, секогаш обидувајќи се да биде најдобра во својот настап“, рече таа. Клодет додаде дека во одреден момент вашето срце и тело се обидуваат да ви кажат нешто и важно е да го слушате.

Синдромот на ригидност е неизлечива невролошка состојба која резултира со неконтролирани мускулни грчеви, кои зафаќаат само еден од милион луѓе. Клодет рече дека се труди што повеќе да ги слуша врвните истражувачи од областа на оваа ретка болест, а семејството верува дека еден ден ќе најде начин на рехабилитација што ќе ѝ овозможи да се врати на сцената.

“Настапувањето ѝ е вродено, дисциплинирана е во сите области од нејзиниот живот. Кога ѝ се јавувам на Селин и таа е зафатена, разговарам со сестра ми Линда која живее со неа и таа ми вели дека работи напорно”, додала Клодет.

Обожавателите ја поддржаа пејачката кога во мај се појави веста дека таа ја откажа светската турнеја поради здравствени проблеми. Таа претходно ги одложи планираните настапи откако јавно ја сподели дијагнозата во 2022 година.

Во декември истата година, Селин откри дека ѝ било дијагностицирано ретко невролошко пореметување, кое предизвикува неконтролирана мускулна тензија, што на крајот ги остава болните како „човечки статуи“ бидејќи постепено го „заклучува“ телото во крути позиции, што ги прави болните да не можат да одат или зборуваат.

Можеби ќе ве интересира: