World Music

Шакира веќе не тагува, таа има ново момче?!

Како што пишуваат светските медиуми, Шакира наводно е во врска со раперот Дрејк кој бил во љубовна романса и со мегапопуларните пејачки Џенифер Лопез и Ријана. Пејачката Шакира е главна тема на таблоидите последните неколку недели. Прво се пишуваше дека е во врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, а сега дека „фрли око“ на популарниот рапер.

Шакира и Дрејк се фотографирани како заминуваат од приватна забава заедно во Лос Анџелес околу 4:30 часот наутро. Извори од местото на настанот наведуваат дека тие флертувале и дека канадскиот рапер е новото момче на пејачката.

Инаку, 46 годишната Шакира е десет години постара од Дрејк , кој излегуваше со некои од најпосакуваните жени на јавната сцена, како Џенифер Лопез и Ријана. Шпекулациите на медиумите дека Шакира е во врска со големиот шампион во Формула 1 Луис хамилтон започнаа откако во јавноста се појавија нивни заеднички фотки направени на јахта.

Шакира и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 летово беа фотографирани како поминуваат време на јахта, а беа заедно за време на Големата награда на Британија. Меѓутоа, медиумите сега пренесуваат дека меѓу нив не се случува ништо повеќе од „убаво пријателство“.

Шакира минатата година објави дека се разведува од легендарниот шпански фудбалер Жерар Пике, а парот моментално се бори за старателството над синовите Милан и Саша.

Можеби ќе ве интересира: