World Music

Снуп Дог уапсен во Шведска, ја обвини за расизам

Познатиот американски рапер Снуп Дог, кој беше уапсен во Шведска викендов под сомневање дека консумирал дрога, ја обвини тамошната полиција за расизам и вети дека повеќе никогаш нема да оди на турнеја во оваа скандинавска земја.

“Им се извинуван на сите мои обожаватели во Шведска. Но јас никогаш повеќе нема да се вратам во таа земја. Можете да и се заблагодарите на полицијата (за тоа)”, вели Снуп Дог во видео порака објавена на неговиот блог. Оваа порака инаку е снимена веднаш по апсењето, на патот до полициската станица. Според музичарот, полицајците го уапсиле поради расистички мотиви. Сепак, претставници на правосудните органи го демантираа ова тврдење на Снуп Дог.

“Ние во Шведска не работиме така”, рекол полицискиот портпарол за американскиот таблоид портал TMZ. Популарниот рапер Снуп Дог во саботата вечерта беше уапсен во населба во шведскиот град Упсала. Сообраќајната полиција стопирајќи го неговото возило се посомневале дека музичарот е под дејство на наркотици и го привеле на тестирање во најблиската полициска станица. Засега во медиумите нема информации за резултатите од тестирањето. Се претпоставува дека властите ќе ги објават за неколку седмици.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: