World Music

Според BBC најслушан е “A rush of blood to the head” на Coldplay

Албумот на Coldplay, “A rush of blood to the head”, е победник во анкетата на BBC Radio 2 за да се одредат 100-те најомилени албуми на сите времиња. На второто место се најде “Hopes and Fears” на Keane, а на третото “Rio” на Duran Duran.

Култниот албум на Pink Floyd, “Dark side of the moon”, се пласираше на 4-то место непосредно пред неговата 40-годишнина. По него следува деби албумот на Dido, “No Angel”. Меѓу албумите на листата се: “Sticky fingers” на Rolling Stones, “Sgt Pepper’s lonely hearts club Band” на The Beatles и “The Joshua Tree” на U2.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: