Триесет и три годишната пејачка викендов по втор пат стана мајка, откако го роди синот Џенезис Али Дин. Alicia и сопругот Swizz Beatz среќната вест ја споделија на своите инстаграм профили, каде објавија и фотографија од изводот на новороденото дете . Од фотографијата се дознава дека детето е родено на 27 декември во 01:52 по полноќ и тежи 2 килограми и 800 грама.
Инаку, тие заедно го имаат и четири годишниот син Египет. Во интервју за E! News, славната пејачка изјави дека Египет е подготвен да стане голем брат и да помага во чувањето на бебето. Продуцентот Swizz е татко на уште три други деца кои ги има од претходните врски. Тој стапи во брак со Alicia во 2010-та година на приватна церемонија во Корзика.
Подготви: Редакција на Музика24