World Music

Светски познатиот музичар Карлос Сантана колабираше на сцената (Видео)

Набргу потоа на терен пристигнала брзата помош. Според „ТМЗ“ пејачот требало да изведе четири до пет песни, а настапот го започнал со хитот „Џој“. Откако сфати дека нешто не е во ред, Сантана седна пред тапаните и потоа се онесвести. На помош му дошле вработените, меѓу кои и брзата помош.

На видеото од концертот можете да видите како извадија црна церада кога би го заштитила музичарот додека му укажуваат помош.

За среќа, состојбата на Карлос Сантана се подобри, па беше виден како ѝ мавта кон публиката додека го изнесуваа од бината. Гитаристот потоа бил однесен во болница на дополнителни прегледи. На почетокот не беше позната причината за неговата состојба, но потоа портпаролот на Карлос Сантана изјави дека оваа музичка ѕвезда доживеала топлотна исцрпеност и дека бил дехидриран. Легендата на светската музичка сцена се чувствува добро.

Можеби ќе ве интересира: