World Music

Тајната диета на Бој Џорџ на виделина

Откога неговата кариера појде надолу, фронтменот на Калчр Клаб, Бој Џорџ започна со нездрав живот што на крај го доведе до вишок на килограми, поради што често беше исмејуван во медиумите. Меѓутоа, многумина уште на почетокот на месецот забележаа брза трансформација, а пејачот и на неговиот Твитер се пофали со фотографија поради која повторно заврши во медиуимите.

Имано, 51-годишниот Бој Џорџ се “преполови”, а на многумина им ја откри “тајната” на неговата диета: пет часа разлика меѓу оброците, а не пие ни кафиња, ни чаеви. После секој оброк пие вода, а од исхраната го исфрлил лебот, шеќерот и колачите. Но, тоа не е се, музичарот престанал и да пуши, а тврди дека сега му преостанува само да се погрижи за кариерата.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: