World Music

Тажна вест: На 57 годишна возраст вечерва почина легендарниот рок пејач Принц

Вечерва на 57 годишна возраст во Минесота почина легендарниот рок пејач, светски познатиот Принц. Причината за смртта сеуште не е позната, но како што известуваат светските музички медиуми, брзата помош добила итен повик дека на пејачот му се слошило и дека итно е потребна нивна помош.

Познатиот Принс Роџер Нелсон е американски музичар. Настапуваше под уметничко име Принс, додека порано настапувал под разни имиња. Од 1993-та до 2000-та година се претставуваше под симбол кој нема изговор. Во тој период обично го нарекуваа како “Изведувач некогаш познат како Принс”. Принц е текстописец и музичар кој издал повеќе од стотина песни, а беше и сопственик на седум Греми награди, Златен глобус и еден Оскар. Во 2004-та година стана дел од Рокенрол куќата на славните. Магазинот “Ролинг стоун” го постави на 27 место на својата листа “10о најголеми изведувачи на сите времиња”. Неговата музичка палета прекриваше многу музички жанрови како што се: ритам и блуз фанк, рок, фолк, џез и хип хоп. Некои од музичарите кои влијаеле вез него се: Џими Хендрикс, Џејмс Браун,Стиви Вондер, Карлос Сантана други.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: