World Music

The Weeknd – најпопуларен музичар во светот

Канадската поп-ѕвезда The Weeknd стана првиот изведувач што достигна 100 милиони месечни слушања на „Спотифај“.Се наведува дека никој друг не е ни блиску до неговиот успех на стриминг.

33-годишниот музичар постави два светски рекорда – тој е пејачот што има најмногу месечни слушатели на „Спотифај“ и првиот уметник што некогаш дошол до 100 милиони слушатели месечно на гигантот за стриминг на музика.

Песната “Blinding Lights” на The Weeknd од 2020 година е најстримуваната песна на „Спотифај“ на сите времиња, со повеќе од 3,47 милијарди стримови, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Музичарот објави спот за оваа песна на почетокот на 2020 година, а досега е прегледан повеќе од 691 милион пати на YouTube. Само два месеца по објавувањето на песната, таа се најде во топ-100 песни на листата „Билборд“. Неговата песна “Starboy” е исто така една од најслушаните песни на сите времиња на „Спотифај“.

Можеби ќе ве интересира: