World Music

The Weeknd повеќе нема да настапува под ова име

The Weeknd неодамна изјави дека сака да се ослободи од своето алтер-его, велејќи дека „сака да го убие The Weeknd“. Како што изјави во интервју за магазинот W, сака да ја продолжи кариерата под неговото вистинско име – Абел Тесфаје.

Канадскиот пејач за време на разговорот рече дека моментално е на „катарзично патување“ и дека „доаѓа во место и време каде што (тој) се подготвува да го затвори поглавјето на The Weeknd“.

„Албумот на кој работам сега е веројатно мојата последна ура како The Weeknd. Ова е нешто што треба да го направам. Како The Weeknd, кажав се што можам да кажам“, изјави тој.

Можеби ќе ве интересира: