World Music

Тина Тарнер наскоро со швајцарско државјанство

Светски познатата Тина Тарнет се откажува од американското и наскоро ќе добие швајцарско државјанство. Таа во оваа алпска земја живее веќе 18 години, во малото место Куснахт, на брегот на Циришкото Езеро.

САД Тарнер ја напуштила во 1995-та година, кога се сели во Швајцарија каде живее со нејзиниот долгогодишен партнер германскиот продуцент Ервин Бах. Таа во една своја изјава за германскиот весник “Билд” вели дека е пресреќна во оваа земја.

“Земјата ја чувствувам како своја, како да сум дома и сега не можам да замислам подобро место за живеење”, истакнала Тарнер.

Иако таа денес има 73 години, швајцарските весници пишуваат дека таа ги поминала сите тестови за добивање на државјанство. Останува уште сето ова да се официјализира и од властите за да може таа да добие швајцарски пасош. Освен Тина Тарнер во оваа земја живеат пејачот и музичар Фил Колинс, британскиот глумец Роџер Мур, како и американката Шанаја Твејн.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: