World Music

Тинејџерската атракција “One Direction” се распаѓа?!

Zayn Malik кој е еден од членовите на светски познатата тинејџерска група “One Direktion”, по се изгледа дека ќе го напушти популарниот бенд. Тој, како што пишуваат светските медиуми, долго време размислувал на овој чекор. Инаку, Zayn е момчето што за екстремно брзо време, по учеството во шоуто за таленти “X-Factor” се прослави на музичката светска сцена. Се претпоставува дека претнатрупаните распореди, постојаните ангажмани… се само причина за се откаже од музиката, бидејќи тој поминувал многу малку време со своето семејство.

Според договорот која што оваа група односно секој член има потпишано со тригодишен договор со компанијата Сони, па доколку било кој би сакал да го напушти бендот, тоа би се одразило и на групата и на останатите членови од неа. Обожавателките кој се во огромен број, веќе започнаа да коментираат и да даваат свои мислења, ставови и размислувања околу сево ова.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: