World Music

Тргна по стапките на татко ѝ: Ќерката на Џон Траволта ја објави првата песна (Видео)

Ќерката на Џон Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон, 21-годишната кантавторка Елa Блу го објави својот деби-сингл „Dizzy“ и ја сподели веста на Инстаграм.

Многу сум среќна и возбудена што можам да кажам дека конечно излезе мојот прв сингл „Dizzy“! – објави таа на Инстаграм.

Нејзиниот татко Џон, гордо ја сподели песната на социјалните мрежи.

Интересно е тоа што Џон Траволта имаше 22 години во 1976 година кога го издаде својот деби-сингл „Let Her In“, кој стигна до Топ 10 на американската табела за синглови. Две години подоцна, тој се врати во Топ 10 благодарение на неговата соработка со неговата колешка од филмот „Брилијантин“ Оливија Њутн-Џон со „You’re The One That I Want“ и „Summer Nights“.

Во 2009 година, Џон Травoлта и Ела Блу соработуваа на „Old Dogs“ на Дизни, во која Ела ја играше Емили Грир и ја пееше „Every Little Step I Take“ со нејзиниот татко. Песната „Dizzy“ е достапна и на сите стриминг платформи.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....