Мажот кој се појави на сцената додека американската пејачка Адел ја примаше наградата “Греми” во неделата навечер е уапсен и ќе му се суди. Се работи за украинскиот ТВ водител, Виталиј Седиуку кој успеал да влезе на церемонијата без билет. Тој прошета по црвениот килим и седна до Џастин Тимберлејк и Џесика Бел. Тоа место беше наменето за Адамо Ливине од групата Maroon 5. Кога Адел појде да ја преземе нејзината награда, Седиук дојде на сцената и рече “Чест е да се прими ваква награда. Те сакам Адел”.
Пејачката и актерка Џенифер Лопаез со раката му покажа да си оди, што тој и го направи. Обезбедувањето во бекстејџот го задржа Седиук, а потоа е уапсен. Ноќта ја поминал во затвор, а на суд ќе се појави наредниот месец. Ова не е првпат овој Украинец да направи слична работа на големите случувања. Тој се обиде да го бакне актерот Вил Смит на премиерата на филмот “Men in Black 3”, а неговото цвеќе го одби пејачката Мадона.
Подготви: Редакција на Музика24