World Music

Украина ќе издаде поштенска марка по повод победата на Евровизија (Фото)

Украинската пошта планира наскоро да издаде специјална поштенска марка, која ќе ја одбележи третата победа на земјата на Евровизија. На прикажаната скица за новата марка пишува „Помогнете му на Мариупол – помогнете му на ‘Азовстал’“, зборовите што ги кажа фронтменот на групата, Олег Псјук, на сцената во Торино по прогласувањето на победникот во саботата вечерта

Според директорот на поштата Игор Смељански, за дизајнот на поштенската марка ќе одлучува уметничкиот одбор. Претходно вакви поштенски марки беа издадени за победите на Руслана и Јамала.

Украинските власти ветија дека земјата ќе биде домаќин на натпреварот следната година, без оглед на војната. Но на вооружениот конфликт со Русија не му се гледа крајот.

Можеби ќе ве интересира: