Хитот на Mark Ronson, “Uptown Funk”, шеста недела по ред останува на првото место на британската топ листа. Продуцентот истовремено оваа недела го освои и врвот на албумската листа со новиот албум “Uptown Special”. Покрај ова, “Uptown Funk” го надмина рекордот по стримувања, што го постави на почетокот од јануари, односно песната оваа недела била стримувина 2,56 милиони пати.
Ronson е прв изведувач што истовремено бил прв на двете најбитни британски листи – синглската и албумската уште од октомври 2013-та кога Miley Cyrus го имаше истиот успех со хитот “Wrecking Ball” и албумот “Bangerz”.
Подготви: Редакција Музика24