World Music

Верувале или не – You Tube ќе снима филмови

Познатиот светски интернет канал You Tube кој што сите ние дневно го користиме по стотина пати да ја слушнеме омилената песна, да се насмееме со некој интересен и комичен клип, да погледнеме некоја интересна реклама, серија или игран филм, верувале или не, ќе започне со снимање на филмови во сопствена продукција. Имено, неодамна You Tube потпиша договор со AwesomenessTV за неколку долгометражни филмови во наредните две години фокусирани на ѕвездите на You Tube. Компанијата се надева дека првиот филм ќе биде презентиран оваа есен.

Освен тоа, You Tubе планира да продуцира и серии. Се уште не е познато дали корисниците на овој познат светски интернет канал ќе треба да платат за да ги гледаат овие содржини.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: