World Music

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон свирела на клавир на божиќниот концерт (Видео)

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон свирела на клавир на божиќниот концерт Royal Carols: Together at Christmas. Том Вокер бил придружуван од страна на војвотката кој ја изведувал песната “For Those Who Can’t Be Here”.

Концертот е снимен на 8-ми декември, но секако емитуван бил синоќа. Било планирано да се прикажува на BBC, но на крај бил прикажан на ITV.

Кралското семејство претходно ја критикуваше телевизијата BBC поради документарецот “The Princess and the Press”, бидејќи сметаат дека се изнесени лаги за нив. Божиќниот концерт е снимен во Вестминстер.

“Вежбавме во тајност. Дури ни луѓето во студиото не знаеја што се случува. Кејт вежбаше неколку денови, а потоа ја снимивме и песната”, раскажал Вокер. Мидлтон свирела клавир уште кога била дете. Вокер го запознала во октомври оваа година на настанот Forward Trust, кој им помага на луѓето кои се зависни од дрога и алкохол.

Ја извел и песната “Leave A Light On” во која ја прераскажува својата борба со зависноста. Неговата изведба допрела до војвотката и му предложила заедно да настапат на божиќниот концерт.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....