World Music

Aerosmith најавија проштална турнеја: „Време е да кажеме крај!“

Бостонската рок група „Аеросмит“ најави проштална турнеја, по повеќе од 50 години постоење. Познатиот рок бенд објави дека прошталната турнеја ќе се вика „Peace out“ и ќе започне на 2 септември во Филаделфија,
Турнејата од 40 концерти, која вклучува и новогодишен концерт во Бостон, ќе заврши на 26 јануари во Монтреал.

„Мислам дека е време да кажеме за крај“, изјави гитаристот Џо Пери.

Тој рече дека бендот, со фронтменот Стивен Тајлер, верува дека сега е вистинското време да се збогуваме, особено кога сите членови на бендот се постари од 70 години. Тајлер е најстариот, има 75 години.

„Ова е шанса да прославиме повеќе од 50 години од кога сме на сцената. Никогаш не знаете на уште колку здравје ќе им треба за да можат да одат на турнеја. Помина долго време откако навистина не бевме на вистинска турнеја. Бевме оваа година во Лас Вегас, беше забавно и едвај чекаме да се вратиме на сцената. – рече Пери.

Можеби ќе ве интересира: