World Music

„Your song saved my life“ е новата песна на „U2“ (Аудио)

Новата пијано балада на групата „U2“ ќе биде дел од продолжението на познатиот анимиран филм „Sing 2“ кој ќе излезе на 7-ми јануари. Фронтменот Боно ќе дебитира во анимираниот филм како рок ѕвездата Лион, Клеј Каловеј.

“Оваа песна е полна со емоции и буквално зборува за тоа како сакаме да се чувствува публиката додека по филмот ги напушта кино салите”, изјави режисерот Гарт Џенингс.

Ова не е единствената песна на групата „U2“, која гледачите на споменатиот филм ќе ја слушнат, има уште три песни: „Where the Streets Have No Name“ (во изведба на Тори Кели, Тарон Егертон, Скарлет Јохансон, Рис Витерспун и Ники Крол), „Stuck in a Moment You Can’t Get Out Of” (во изведба  на Скарлет Јохансон) и „I Still Haven’t Found What I’m Looking For“ (дует на Јохансон и Боно).

„U2“ ја претставија песната на почетокот на неделата на социјалните платформи Instagram и TikTok. Овој месец, по повод прославата на 30-годишнината од албумот што оваа група го издаде во 1991 година, наречен „Achtung Baby“, ќе бидат објавени архивски снимки од легендарните настапи на нивниот профил на TikTok.

Минатата година, гитаристот на бендот, Еџ, откри дека тој и Боно се фокусирале на создавање нова музика, непосредно пред да бидат воведени “локдауните“ поради пандемијата. Тие биле во Даблин кога морале да се разделат поради изолација.

“Морав да донесам тешка одлука, дали ќе бидам во Даблин или ќе се вратам во Калифорнија кај мојата сопруга. На крајот ја избрав сопругата, што мислам дека беше правилна одлука”, изјави Еџ.

Басистот Адам Клејтон навести дека обожавателите ги чека две нови песни во акустична изведба.

“Работевме на акустични верзии на песните, со поинакво темпо, како дел од предизвиците што си ги поставивме”, рече тој.

U2 сè уште не наведоа конкретни датуми за концерти, а не настапувале во живо од есента 2019-та година.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....