World Music

За роденденот на малата Ајви, Бијонсе и Џеј Зи потрошиле 200.000 долари

Познатиот светски пар Бијонсе и Џеј Зи за роденденот на својата ќерка Блу Ајви потрошиле 200.000 долари. Тие за медиумите изјавиле дека роденденот веќе го прославиле минатиот понеделник, а според близок пријател на парот, тие не штеделе на трошењето пишуваат странските медиуми. За време на роденденската забава, пред целото семејство и пријателите нивната ќерка била претставена како принцеза. Бидејќи внимавале на се, па дури и на ситниците, на розевите и бели рози потрошиле 95.000 долари, тортата за малата Ајви чинела 2.000 долари, а играчките и подароците за гостите 30.000 долари. Подарокот кој што тие и го подариле на својата ќерка, Барби кукла со дијаманти, чинела 80.000 долари.

“Ништо не е премногу големо или премногу скапо за нивната мала принцеза. Сакаа нејзиниот прв роденден да постави некои стандарди за остатокот од нејзиниот живот. Работат напорно за своите пари и прво што сакаат е да ги потрошат за нивното девојче”, изјавил заеднички пријател на Бијонсе и Џеј Зи.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: