World Music

Заработила над 70 милиони долари само со една песна (Видео)

Марија Кери досега заработила повеќе од 70 милиони долари за божиќниот хит “All I Want For Christmas Is You”. Њујорк Тајмс објави дека 52-годишната пејачка добива околу три милиони долари годишно за популарната песна од 1994 година.

Според пресметките на The Economist, Кери заработила повеќе од 60 милиони долари како хонорар од песната само во 2016. Постојаниот успех на божиќната класика доведе до тоа таа повторно да биде најслушана музичарка во Велика Британија оваа празнична сезона.

Инаку, поради популарноста на “All I Want For Christmas Is You”, Кери сакала да си ја добие титулата Кралица на Божиќ. Покрај тоа, таа изјавила дека песната ја напишала како мало девојче, а потоа нејзиниот ко-автор ја обвинил дека лаже.

Можеби ќе ве интересира: