World Music

Ѕвездата на „One Direction“ со улога во возбудлив психолошки трилер (Видео)

Дали би се откажале од вашиот идеален живот за да ја направите вистинската работа?
Што навистина се случува овде? Што ако ова место е опасно?  – прашува Алис (Флоренс Пју) во првиот трејлер за новиот филм на Оливија Вајлд, „Don’t Worry Darling“.

Филмот, во кој Хари Стајлс и Крис Пајн играат заедно со Пју и Вајлд, е возбудлив нов психолошки трилер што публиката со нетрпение го очекува. Во трејлерот долг речиси три минути, Пју и другите „идеални домаќинки“ од 1950-тите се прашуваат што ако утопискиот експеримент во кој се живеат совршени животи е всушност изграден на вознемирувачки тајни. Дали би се откажале од својот идеален живот за да ја направите вистинската работа? Тоа е прашањето што го поставува овој филм.

Како што изјава Вајлд, ова е нејзино љубовно писмо до „Матрикс“ и „Инсцепција“, а изведбата на Флоренс Пју е раѓање на голема актерска ѕвезда. Таа уште ја нарече музичката ѕвезда Хари Стајлс откровение.

Во „Don’t Worry Darling“  покрај споменатите играат и Џема Чан, Ник Крол, Даглас Сит, Тимоти Сајмонс и Кики Лејн. А ќе појави во кината во САД од 23-ти септември.

Можеби ќе ве интересира: