Интервју со Пере Нокаут, после концертот во Битола (Фото)

Музика24 продолжува со серијата интервјуа со македонски артисти во месецот на македонска независност. Вчера вечер, предпразнично, после големиот unplugged концерт во битолска Хераклеа, на кратко разговаравме со фронтменот на “Нокауат”, Никола Перевски – Пере. Го прашавме Пере за неговите ќерки, за очекувањата на “Нокаут” од престојниот “Макфест”, но и она што најакутелно годинава – корона кризата.

Музика24: “Нокаут” ќе учествува на престојниот “Макфест“, какви се Вашите очекувања ?

Пере Нокаут: Очекуваме да си помине навистина добро, со оглед на тоа дека 35 години јубилеј од постоењто на “Макфест” нам ни е баш драго и токму затоа ја прифативме поканата да настапиме. Се надевам само на добар провод, а ако има нешто плус тоа е добредојдено. Ако е песната добра, публиката знае тоа да го награди. Настапувавме на “Макфест” во 1997 и 2014 година, имавме добри песни но сепак завршуваме на предпоследно место (се смее). За нас тоа не е важно, важно е да учествуваме и песната да остане.

Музика24: Корона кризата ги погоди сите, но посебно музичарите. Како Вие гледате на оваа состојба? Дали добивте некој вид поддршка ?

Пере Нокаут: Не сме добиле никаква подршка од Владата. Самите се организираме за тие настапи. Сакаме да останаме во форма, да имаме континуитет, да свириме, да сме присутни… За колку пари свириме и дали ќе заработиме секако е важно во ова време тоа да биде финансиски подржано од организаторите на тие свирки и концерти. Не сакаме да се жалиме и глупаво е да се жалиме, бидејќи ова ги погоди сите. Како за сите, така и за нас. Сметам дека си квалитет во тоа што го работиш секогаш има простор каде да свириш и да се покажеш.

Пере со ќерките Михаела и Каја

Музика24: Имате две ќерки. Дали Михаела и Каја покажуваат афинитети кон музиката? Дали Вие како искусен музичар, знаејќи дека оваа работа не е најсигурна, би ги подржале доколку изразат желба за музичка кариера?

Пере Нокаут: Апсолутно ги подржувам своите ќерки во сето она што го работат. Знам од кога се родиле што прават и што работат, така што и двете се талентирани за музика. Јас сум сега во малку незгодна позиција со тебе, да си ги фалам децата, меѓутоа зошто да не. Михаела заврши на ЕСРА оваа година, отсек продукција. Каја е сеуште во основно училиште, оваа година ќе оди во 8-мо одделение, но покажува афинитети кон музиката. Дури можам да кажам е поталентирана и од мене и од постарата ќерка. Михаела од 2014 година на вака поголеми настапи, не прати како придружен вокал. Но за жал вечерва не е тука од оправдани причини. Таа не прати еве веќе 7 години на сцената.

Со задоволство во продолжение ви ги препорачуваме и следните ексклузивни интервјуа:

ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24 СО ЕКС ФРОНТМЕНОТ НА “АНАСТАСИЈА”, ГОРАН ТРАЈКОСКИ (ФОТО)

ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24 СО БИТОЛСКИОТ БЕНД “ВЕЛ” (ФОТО)

ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24: PLUTO`S DOUBTS (ФОТО)

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ НА МУЗИКА24 СО ЛЕГЕНДАРНИОТ НЕША ГАЛИЈА (ФОТО)

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com